Демир Капија

Демир Капија

Алпинистички Локалитет

Демир Капија е најквалитетната според својот состав карпа во Македонија. Сочинета е од чист варовник со одлична компактност.
До карпата може да се пријде од Автопатот Скопје - Солун, возилото се остава на паркингот меѓу два маркантни тунели на самиот автопат и тука на самиот паркинг има неколку алпинистички насоки и можност за голем број интересни спортско качувачки насоки. Другиот приод е од населбата Демир Капија низ нивите крај пругата, преку автопатот се оди во лево од првиот тунел и по маркирана патека прво се искачува еден дел од карпата а потоа се спуштаме покрај реката Вардар каде започнуваат голем број насоки.

За жал засега нема водач-книга за алпинистичките и спортско качувачките насоки, па карпата е интересна пред се за љубителите на нови премиерни искачувања. Можноста за заштита во карпата е одлична, она нуди користење на клинови, чокови, френдови, практично се. Должината на алпинистичките насоки изнесува од 200 до 300 метри.

Најдобро сместување е во шатори крај реката Вардар.

Најдобар период за качување е Март - Јуни и Септември - Ноември, исто како и за Матка.

Доплнителни информации можат да се добијат кај претседателот на Сојузот на алпинистите на Македонија.

Демир Капија

Демир Капија

Демир Капија