spacespacespacespacespacespacespacespacespacespacespacespace

 

 

            M.A.A.

 

 

CSO

 

 UNION INTERNATIONALE DES    ASSOCIATIONS D'ALPINISME 

uiaa

  International Mountaineering and Climbing Federation

 

 

fpsm

 

  Федерација на Планинарски Спортови на Македонија

 
 

 

 

 

Собир-16-18.03.2007 - Искачени Насоки -  Состаноци

 

 

Македонска Алпинистичка Асоцијација

 

 

 

Состанок 17.03.2007

 

 

ИЗВЕШТАЈ

 

од работниот состанок на Македонската Алпинистичка Асоцијација одржан на 17.03.2007 година со почеток во 19 часот. На состанокот активно учествуваа со свои сугестии и предлози сите присутни на алпинистичкиот собир, додека право на одлучување имаа само легитимните претставници на алпинистичките секции, клубови , друштва кои работат според Правилникот за работа на МАА и во изминатиот период биле присутни на собирите и акциите организирани од МАА. Нивни претставници беа:

1.         АСКК “Џ-Цхалленге”-ДПС „Лисец”, Штип – Бобан Стојанов

2.         СПД “Магаро”, Охрид – Антонио Додевски

3.         АД „Матка”,Скопје – Костантин Циривири

4.         ПОД „Венец”, Св.Николе – Борче Манев

5.         ПК „Љуботен”, Тетово – Мирослав Ристовски

6.         ПАОК „Бел Камен”, Радовиш - Зоран Мајсторски

7.         АК „Вертикал”, Битола – Марјан Кузмановски

Не присуствуваа претставниците на АК „Стенае”, Неготино и АК „Еделвајс”, Струмица, додека претставникот на АК „К2”,Скопје” немаше писмена потврда заверена од клубот.

Состанокот се одвиваше по следниот дневен ред:

1.         Финансиски извештај за 2006 година.

2.         Реализирани и нереализирани активности во 2006 година и причини за тоа.

3.         Предлог изм

ени на Правилникот за работа на МАА.

4.         Предлог програма за работа за 2007 година.

5.         Одно

с и соработка на релација секции-МАА и МАА-секции.

6.         Разно.

 

По прва точка беше поднесен финансиски извештај со образложение за начинот на кој се потрошени средствата и точниот датум кога се потрошени. Забелешки немаше.

По втора точка беше дискутирано за реализираните и нереализираните собири, акции и активности кои беа планирани во 2006 година. Посебно беше дискутирано за нереализираната кадровска акција на Маљовица, Р.Бугарија, и покрај трите реализирани селективни собири. Околу оваа акција свое излагање имаше и Дарио Милошевиќ, кој беше назначен за раководител на акцијата. Предвидено е уредувањето на локалитетите планирано за 2006 година да се заврши во 2007 година, а за да нема повеќе пропаднати акции во иднина прецизно да се одредуваат датумите и критериумите за главните акции како и за селективните собири.

 

Третата точка беше оставена за крај за да можат сите добро да ги разгледаат предложените измени на Правилникот за работа на МАА.

 

По четвртата точка се разви дискусуја околу преминувањето на комплетната алпинистичка едукација и обука од МАА во ЦСО при ФПСМ. Иако ова веќе функционира на дело, повторно беше образложено од страна на Костантин Циривири за сите поволности и придобивки од ЦСО. По дискусијата, имаше гласање и со 6 гласа „ЗА”, 0 гласа „ПРОТИВ”, и 1 глас „ВОЗДРЖАН” (воздржан беше Марјан Кузмановски) беше усвоено комплетно преминување на алпинистичката едукација и обука во ЦСО при ФПСМ.

По ова Дарио Милошевиќ даде неотповиклива оставка од функцијата Главен инструктор на МАА која ја извршуваше заедно со Игор Талевски.

Усвоена е следната програна за 2007 година:

 

Програма на МАА за 2007 година
Активности во РМ

масец        

локалитет активност

април

Плоча, Радовиш

Алпинистички собир; организиран од ПАОК „Бел Камен”, Радовиш.

мај

Матка

Меморијален алпинистички собир Васил Франговски; АД”Матка”, Скопје.

јуни

ЗлиДол, Охрид Остра Карпа, Прилеп

Уредување алпинистички насоки; СПД “Магаро”, Охрид.Алпинистички собир, качување на насоки по сопствен избор.

јули

Солунска Глава

Алпинистички собир.

август

Солунска Глава  Алпинистички собир.

септември

Демир Капија Алпинистички собир, качување на насоки по сопствен избор.

октомври

Остра Карпа, Пролеп Алпинистички собир, качување на насоки по сопствен избор.

ноември

Матка Алпинистички собир, качување на насоки по сопствен избор.

декември

Лешница  Зимски алпинистички собир, качување на мраз.

јануари

Патичка Река  Зимски алпинистички собир, качување на мраз.

февруари 

Пелистер Зимски алпинистички собир
 

Активности во странство

мај

Враца, Р.Бугарија Меѓународен алпинистички собир.

јули-август

Маљовица, Р.Бугарија  Кадровска акција на МАА.

септември

Враца, Р.Бугарија  Меѓународен алпинистички собир.
 

ЗАБЕЛЕШКА: Точниот датум на одржување на секој собир ќе биде дополнително утврден.

 

 

Алпинистичките собири со наставна содржина ќе бидат организирани од ЦСО, за што ќе добиеме дополнителна програма.

По петтата точка беше дискутирано за претставката за работата на ЦСО и МАА испратена до претседателот на ФПСМ. Договорено е во иднина за сите проблеми и недоразбирања кои ќе се појават кај секциите, најпрво да се обратат кај раководството на МАА, а не да ја заобиколуваат асоцијацијата.

По шеста точка беше расправано по неколку предлози.

Костантин Циривири предложи регулатива:

Право на одлучување во целокупната работа на Македонската Алпинистичка Асоцијација ќе има онаа алпинистичка секција, клуб, друштво кое ќе пријави најмалку 5 (пет) члена кои ќе имаат алпинистички легитимации и кои ќе присуствуваат на најмалку 50% од собирите и акциите организирани од МАА.

Оваа регулатива беше едногласно усвоена со 7 гласа „ЗА” и 0 гласа „ПРОТИВ”.

Антонио Додевски даде два предлога:

1. Евиденцијата на активноста на алпинистите за време на собирите да се прави со Пријава за присуство на собир, која секој учесник ќе ја добива на почетокот на собирот и во неа ќе ги евидентира насоките како и останатите активности за време на собирот и на крајот од собирот пријавата ќе ја предаде во МАА.

Ова ќе се практикува од следниот собир на МАА.

2. За да нема забуни со лепењето на маркиците за платена членарина во ФПСМ на легитимации од различни асоцијации, да се изработуваат по повеќе маркици (по 5, за секој спорт) кои ќе бидат со ист евиденциски број.

Овој предлог ќе биде изнесен пред претседателството на ФПСМ.

За уредувањето на локалитетите, Костантин Циривири предложи за секој локалитет да се пријави по еден доброволец кој ќе ја превземе одговорноста да направи план, да состави работна група и да го реализира уредувањето на локалитетот.

Тој самиот се го превзеде уредувањето на Матка, Зоран Мајсторски е задолжен за Демир Капија, додека за Солунска Глава треба да се задолжи алпинист најдоцна до мај 2007 година.

 

По третата точка беа едногласно усвоена со 7 гласа „ЗА” и 0 гласа „ПРОТИВ” следните измени на Правилникот за работа на МАА:

 

2. РАБОТНИ ТЕЛА НА МАА

(цела точка, измените се подвлечени)

Работни тела на МАА се:

•           Претседател – кој раководи со МАА и ги организира нејзините активности. Претседателот ја претставува МАА.

•           Стручен Совет – го сочинуваат 5 (пет) стручни советници кои му помагаат на претседателот во надгледувањето, организацијата и реализацијата на стручните работи во МАА. По барање на претседателот ја претставуваат асоцијацијата.

•           Собир на претставници од Алпинистичките Секции – го сочинуваат по еден претставник од сите активни Алпинистички Секции, Клубови, Друштва (по можност раководителите) кои работат спорет Правилникот за Работа на МАА. На состаноците на Собирот може да учествуваат повеќе претставници на Алпинистичките Секции, Клубови, Друштва, да учествуваат во расправата и да даваат предлози и сугестии, но без право на глас.

Мандатот на Претседателот и Стручниот Совет изнесува четири години, со право на реизбор. Претседателот и Стручниот Совет ги избира Собирот.

За регулирање на одредени активности на МАА, зависно од потребите, се формираат комисии. Нивниот мандат и ингеренции се регулираат со упатство за нивна работа. Овие комисии ги одредува Претседателот заедно со Стручниот Совет, а за одлуката мора да го известат Собирот.

3.АЛПИНИСТИЧКИ СЕКЦИИ, КЛУБОВИ, ДРУШТВА

 

(нова ставка)

На крај на годината секоја секција, клуб, друштво е должно да достави до МАА извештај за реализираните активности во изминатата година.

 

4.1. Алпинист курсист

(последна реченица)

Во други случаи се полага пред комисија на МАА. Составот на комисијата го одредува одговорното лице во ЦСО при ФПСМ.

 

4.2. Помлад Алпинист

(последна реченица)

Составот на комисијата го одредува одговорното лице во ЦСО.

 

4.3. Алпинист

(последна реченица)

Составот на комисијата го одредува одговорното лице во ЦСО.

 

4.4. Инструктор по алпинизам

(последна реченица)

Составот на комисијата го одредува одговорното лице во ЦСО.

 

4.5. Инструктор-Алпинистички Водач

(последна реченица)

Составот на комисијата го одредува одговорното лице во ЦСО.

 

5. Алпинистички испити

(четврта ставка измени)

Составот на испитната комисија го одредува одговорното лице во ЦСО. Испитната комисија е составена од три члена, од кои најмалку еден е носител на назив Инструктор по Алпинизам или повисок, а останатите двајца се       носители на назив Алпинист или повисок.

 

(нова ставка)

Кандидатот за полагање надоместува дел од трошоците за спроведување на испитот, а паричниот износ на тој дел го одредува одговорното лице во ЦСО.

 

(нова ставка)

Заради одржување на локалитетите и зголемување на безбедноста во качувањето секој кандидат задолжително е да исчисти една од постоечките насоки на локалитетот каде се спроведува полагањето и да направи проверка на клиновите со репозиција и замена на дотрајаните и несигурни клинови. За кандидатите за назив Курсист и Помлад Алпинист тоа ќе го прават со помош и надзор на Алпинист.

 

8. Алпинистички акции

(нова ставка – вметната како петта)

МАА во рамките на своите можности организира акции од државен карактер и надвор од нашата земја. Изборот на учесници ќе се врши на најмалку два Алпинистички собири кои ќе се организираат во нашите локалитети според критериуми кои однапред ги утврдуваат Претседателот и Стручниот Совет. На истите собири се одредува и Раководител на Акцијата кој е должен да води Дневник на активности за целата акција и по завршувањето на акцијата да поднесе Извештај за реализирани активности и финансиски трошоци.

По изгласаните измени беа предложени членови на стручниот совет. Предложени се: Костантин Циривири, Зоран Мајсторски, Горан Кузмановски (кој не присуствуваше на состанокот и ќе биде известен од претставникот на АК”Вертикал”, Битола), Бојан Митковски и Бобан Стојанов. Предложени беа и Игор Талевски и Дарио Милошивиќ кои самите не прифатија да бидат членови на советот.

Конечниот состав на Стручниот совет на МАА ќе биде утврден на следниот собир на МАА кој ќе се одржи на Плоча, Радовиш на 13-15.04.2007 година.

 

 

Македонска Алпинистичка Асоцијација

претседател: Борче Манев

 

 

Нагоре
Надолу

 

 

 

 

 

 

 

 


© 2007 infinite design Email: ivica.trajanov@gmail.com