spacespacespacespacespacespacespacespacespacespacespacespace

 

 

            M.A.A.

 

 

CSO

 

 UNION INTERNATIONALE DES    ASSOCIATIONS D'ALPINISME 

uiaa

  International Mountaineering and Climbing Federation

 

 

fpsm

 

  Федерација на Планинарски Спортови на Македонија

 
 

 

 

 

Извештај од Активности

 

 

.

Меморијал "Васил Франговски

Почитувани колеги алпинисти,

Ве известуваме дека традиционалниот алпинистички собир - меморијалот посветен на алпинистот "Васил Франговски" ќе се одржи во деновите од 9 до 11 Мај 2008 година во алпинистичкиот локалитет "Матка".

Сместувањето ќе биде во сопствени шатори во дворот на Манастирот Св. Никола. На располагање на алпинистите ќе им бидат дел од објектите на манастирот (тоалет, шпорет, отоворената трпезарија). Секој учесник треба да има опрема за кампување. Исхраната е од ранец, со тоа што организаторот ќе направи обид да обезбеди по еден оброк во сабота и во недела на ручек.

Учесниците на собирот должни се со себе да носат комплетна алпинистичка опрема за качување во "сува карпа", како и да имаат активни полиси за осигурување од незгода.

При качувањето во насоките задолжително е придржување кон одредбите од Правилникот за работа на МАА, како и целосно внимание кон безбедноста и условите за качување.

Работна содржина на собирот е качување по избор и повторување на основните принципи и постапки за осигурување во алпинистичка насока, при што ќе бидат изведени демонстрации на постпаките од страна на кандидати за називите "Курсист", "Помлад Алпинист" и "Алпинист". Во вечерните часови ќе бидат организирани видео проекции и дискусија на одредени теми од областа на алпинизмот.

Во Сабота приквечер ќе биде извршено чествување пред спомен плочата на Васил Франговски со положување на цвеќе.

За дополнителни информации обратете се на телефон:

071/ 369 280 - Костантин Циривири;

070/ 342 828 - Крунослав Аџиевски;

070/ 670 785 - Ристе Калинов.

Ве очекуваме на Матка!

Алпинистичко Друштво "МАТКА" - Скопје

Претседател: Костантин Циривири

 

ИЗВЕШТАЈ:

од Алпинистички зимски семинар за почетници

 

Алпинистичкиот зимски семинар за почетници во организација на ЦСО при ФПСМ и МАА се одржа од 01.02.2008 до 03.02.2008 година на Попова Шапка. Учесниците беа сместени во планинарскиот дом Смрека, каде што беа и теоретските предавања и во шатори покрај домот. Учествуваа алпинисти од Скопје, Охрид, Тетово, Гостивар, Св.Николе, Штип, Радовиш.
Како што беше предвидено во програмата беа разработени теми од карактеристиките на планините во зимски услови; опремата која се користи во зима; техники на движење и осигурување во снег и мраз; движење во наврска и запирање падови; престој во планина и бивак; лавини, проценка, на лавинска опасност и спасување на зафатен од лавина.
Еве неколку моменти од семинарот:

Воедно ве известуваме дека следен собир ќе биде Алпинистичкиот собир за качување на мраз кој ќе се одржи во локалитетот Лешница, од 15.02.2008 до 17.02.2008 година. Тема на собирот ќе биде качување по избор. Смествањето ќе биде во шатори, за што е потребна соодветна опрема за престој во планина во зимски услови. Сите учесници сами обезбедуваат опрема за качување.
Пожелно е сите заинтересирани да контактираат со МАА заради полесна координација околу превоз и тренспорт.
Ве покануваме на заедничко дружење и качување низ кулоарите на Лешница.

 

Програма за почетниот зимски курс за алпинизам.


Почитувани колеги,

Ве известуваме дека планираната акција на МАА - зимскиот курс за почетници во алпинизмот Ќе се одржи во предвидениот термин од 1 до 3 Февруари 2008 година на Попова шапка.

Превоз
Во рамките на собирот нема организирано заеднички превоз. До Попова шапка може да се пристигне со возило или со такси од Тетово. Цената на возење во еден правец, за едно возило, изнесува околу 600 денари. Пожелно е учесниците кои Ќе пристигнуваат во исто време да се договорат заради заеднички организиран превоз.

Сместување
За сите учесници на семинарот Ќе биде договорено сместување во планинарскиот дом Смрека на Попова шапка. Цената на сместувањето Ќе биде дополнително утврдена и за тоа Ќе бидете навремено информирани.

Опрема
Сите учесници се должни да поседуваат комплетна опрема за планинарење и алпинизам во зимски услови. Информации во врска со опремата можете да добиете на повеЌе едукативни страни на интернет, или за консултации да се јавите во канцеларијата на ЦСО - ФПСМ.

 
Работни содржини

Петок, 1 Февруари
19.00 - Технички состанок
19.15 - Карактеристики на планинскиот рељеф во зимски услови и ориентација
20.15 - Основно за планинарската и алпинистичката опрема Што се користи во зимски услови

Сабота, 2 Февруари
07.00 - Будење
08.30 - Теренска работа, работа во групи по работни места:
- СидриШта во снег и мраз;
- СпуШтање со јаже во зимски услови;
- Падови на заснежена падина (пад и задржување на падот на неосигуран качувач, пад во наврска во движење, пад на сидриШте);
- Движење во наврска со поставување сидриШта и наизменично водство;
- Качување и осигурување во технички комплициран терен;
16.00 - ручек и одмор
18.00 - изработка на снежен бивак (теорија 15 мин, а потоа теренска работа);
20.00 - Основи на лавинилогијата;

Недела, 3 Февруари
07.00 - Будење
08.30 - Лавинологија - принципи на спасување на настрадани во лавини;
10.00 - Теренска работа:
- Изработка на снежен профил и процена на лавинската опасност;
- Сондирање;
- Движење во наврска и падови на заснежена падина;
- Поставување Шатор во зимски услови и организација на активностите во него;
15.00 - Затворање на собирот

Пожелно е да го пријавите ваШето учество на собирот на телефоните и е- маил адресите на МАА или ЦСО - ФПСМ, каде Што можете да добиете и дополнителни информации.

 

BIG WALL натпревар (13-14 Октомври 2007)

На 13 и 14 Октомври 2007 година на Матка ќе се одржи качувачки собир на кој ќе учествуваат, барем според досегашните најави, поголем број алпинисти и спортски качувачи од Македонија и од соседните земји. Според програмата, на 13 Октомври ќе се одржи натпревар во брзинско качување во насоката "Панчева", а за 14 Октомври е планиран т.н. rock trip во рамките на кој ќе се качуваат алпинистички и спортско качувачки насоки.

Во наредните денови ќе бидат објавени детали од регулативата на натпреварот.

Сместувањето ќе биде во и околу планинарскиот дом "Матка", како и во дворот на Шишевскиот манастир "Св. Никола".

После повеќе години ова ќе биде прва качувачка средба на Матка, на која ќе учествуваат заедно алпинисти и спортски качувачи.

Како што напоменавме, во наредните денови ќе следуваат повеќе информации поврзани со качувачкиот собир.

 

 

Отмарова насока  - 50 години
(1957-2007)

 

Почетокот на модерниот алпинизам во Македонија се врзува за искачување на Отмаровата насока во Матка на 04,07,1957 година. На тој ден Отмар Худомаљ и Драган Трајковски ја качуваат насоката до пред горниот надвис (до пред крајот) од каде Худомаљ паѓа и загинува.
Насоката во негова чест и спомен е наречена Отмарова.

По повод 50 годишнината од овој настан решено е Отмарова насока да стане рбет на историјата на модерниот алпинизам во Македонија со воспоставување на Споменица за искачување на насоката.

Оваа Споменица ќе ја добијат сите што досега ја искачиле Отмаровата насока и ќе продолжи да се доделува на сите што во иднина ќе ја искачат.

Алпинистичка асоцијација на Македонија.

 

 

Голем аплинистички јубилеј - 50 год. "Отмарова" насока (22 септември 2007)

Во Сабота, 22 Септември 2007 година на Матка ќе се одржи алпинистички собир по повод големиот јубилеј на македонскиот алпинизам - 50 години од искачувањето на насоката "Отмарова" во карпата на Матка.

Во чест на јубилејот изработени се пригодни споменици за насоката "Отмарова" кои ќе им бидат доделени на сите алпинисти, спортски качувачи и планинари кои ја имаат искачено оваа насока.

Во Сабота е планирано да се изведат 50 човек искачувања во "Отмарова" насока (25 наврски) па се молат сите кои се заинтересирани да качуваат во насоката на денот на прославата, да се пријават во Македонската алпинистичка асоцијација, за да се направи соодветен временски распоред за искачувањето.

Собирот, покрај качувањето во "Отмарова" насока предвидува качување и во другите насоки на Матка, а покрај тоа ќе има и целодневна програма со предавања, проекции, коктел и дружење.

Официјалниот дел на церемонијата ќе започне во 18 часот, покрај домот Матка. На собирот се очекува учество на голем број алпинисти, спортски качувачи и планинари од земјава и од странство.

Се молат сите клубови/друштва да ги информираат членовите кои ја имаат искачено насоката "Отмарова" да се пријават во МАА со цел да им бидат изработени споменици. Инаку и на самиот ден на прославата, во планинарскиот дом Матка ќе може да се изврши пријавување и да се добие споменица. Првиот обид за искачување на насоката "Отмарова" е направен од страна на Отмар Худомаљ и Драган Трајковски на 4 Јули 1957 година. За време на искачувањето, во завршниот дел на насоката, околу 10,30 часот, некаде помеѓу превисот на денешната насока "Матка - Лева" и насоката "Циго", Отмар имал голем пад како последица на подлизнување и одрон, од којшто умира на самото место.

Во денешната форма насоката е целосно завршена на 9 Октомври 1960 година од страна на Драган Трајковски и Тодорка Димитрова.

Насоката, а и целата карпа, во чест на Отмар Худомаљ се именувани како "Отмарови".

И покрај големиот број насоки во карпата на Матка, "Отмарова" насока е една од најубавите и најелегантните насоки. Со текот на времето таа прерасна во своевиден култ меѓу алпинистите, и до денес таа е сигурно најомилената алпинистичка насока во Македонија.

Дополнителни информации за собирот можат да се добијат во Македонската алпинистичка асоцијација.

 

Демир Капија - уредување на алпинистички насоки (септември 2007)

Во текот на минатата седмица тричлена екипа на Македонската алпинистичка асоцијација составена од Зоран Мајсторски, Бобан Стојанов и Крунослав Аџиевски извршија уредување во алпинистичките насоки на Демир Капија.

Уредувањето има за цел подобрување на маркацијата во насоките, поставување на класични (т.н. алпинистички) и експанзиони клинови во насоките, како и нивно чистење од вегетација и од ронливи делови.

Извршени се интервенции во насоките "Б-2", "Полжав", "Тулумба", "Гавран", "Влатчева", како и во неколку варијанти на овие насоки или во нивна близина.

Насоките се сега комплетно исклинчени со безбедно "in situ" осигурување, а најголемиот број од сидриштата се со експанзиони клинови.

Во делови на насоките каде што не постојат можности за поставување безбедни класични клинови се поставуваат експанзиони клинови.

Уредувањето на Демир Капија ќе продолжи и во наредниот период, а во следните денови ќе започне уредувањето и на алпинистичките насоки во алпинистичкиот локалитет Матка.

Активностите во Демир Капија се помогнати од Спортско качувачката асоцијација, која обезбеди бесплатно сместување и логистичка подршка за екипата која што работи во карпата.

За уредувањето на Матка и Демир Капија набавени се вкупно 500 експанзиони клинови, како и 300 алпинистички клинови.

Уредувањето на алпинистичките локалитети е проект на Македонската алпинистичка асоцијација, кој е предвиден да се одвива во наредниве неколку години, со цел да се подобри безбедноста во алпинистичките насоки, како неопходен предуслов за поголем број искачувања во нив, пред се од страна на млади и нови алпинисти и нормално развој и ширење на алпинизмот и воопшто планинарските спортови.

Во рамките на овој проект во текот на летото, во месец Јули, беше поставена нова и логична "абзел" линија во карпата на Солунска Глава, и на тој начин сега пристапот во карпата е возможен со 6 абзелувања од по 50 метри по релативно безбеден и прегледен терен.

 

 

Алпинистички собир - Охрид (8-10 Јуни 2007)

Алпинистичкиот собир во Охрид ќе се одржи за време на викендот од 7-10 јуни 2007 година, во организација на Единицата за Спасување на Планина и Непристапни терени при Црвен Крст Охрид и АК при СПД "МАГАРО" - Охрид во соработка со Македонската Алпинистичка Асоцијација.

Собирот ќе се одржи во локалитетот "Зли дол" с. Трпејца - Охрид. Сместувањето ќе биде во локалитетот Заум, а качувачките активности ќе се одвиваат во локалитетот Зли Дол. Во продолжение можете да го видите деталниот распоред на планираните активности.

1. Сместување

- Сместувањето ќе биде на локацијата позната како "Заум" односно во дворот на црквата "Св. Богородица Захумска".
- Сместувањето ќе биде во сопствени шатори што подразбира и поседување на сопствени вреќи и подметачи за спиење.
- Од организаторот се обезбедени прибор за готвење и еден оброк (ручек) останатата храна е во сопствена режија.
- Оние кои немаат шатори и вреќи за спиење може да се обратат на тел. 075 442248 и 071 342248 кај Антонио, како би им обезбедиле од Црвен Крст Охрид, но најдоцна до Среда 06.06.2007 до 16:00 часот

2. Превоз

- Превозот до с. Трпејца е во сопствена режија и се препорачува да се дојде со автомобил, бидејќи и превозот од селото до "Зли дол" (околу 3,5км) ќе биде со возила
- Превозот од селото до "Заум" ќе биде со кајче во организација на домаќините.
- Доколку не сте во можност да дојдете со сопствени автомобили, Ве молиме да не информирате најдоцна до среда 06.06.2007 до 16:00 часот (кај Антонио), за да го испланираме превозот од селото до "Зли дол".
- За оние кои ќе патуваат со јавен превоз, цената од Охрид до с. Трпејца е 60 денари во еден правец, а редовните линии на АД "Галеб" Охрид се со следниот возен ред:
Тргнува од Охрид во: 6:15, 8:30, 11:30, 13:15, 15:30, 18:30, 20:30
Автобусот или комбето поаѓаат од новата автобуска станица во Охрид.

3. Пристигнување

- Пристигнувањето е во Петок 08.06.2007, во сопствена режија и тоа до 15:30 се пристигнува во "Зли дол", а потоа во с. Трпејца.
- Во прилог Ви доставуваме и Скица со локациите за ориентација на оние кои прв пат доаѓаат.
- Доколку пристегнете по 15:30 ч. Јавете се кај Антонио на наведените телефони за да дојде кајче по Вас.

4. Активности

- Петок 08.06.2007
До 15:00 Пристигнување според планот. Запознавање со локалитетот "Зли дол" и качување по сопствен избор.
15:00 Поаѓање кон "Заум", сместување и ручек.
17:00 Прошетка со кајче и запознавање на крајбрежјето на охридското езеро во потегот од "Заум" до Авто-кампот Љубаништа, со посета на природниот извор и пештерската црква Св. Никола. Овој дел од крајбрежјето спаѓа во строго заштитените зони од НП Галичица.
20:00 Вечера, теоретски предавања и дружење
23:00 Легнување

- Сабота 09.06.2007
7:00-7:30 Будење
7:30-8:30 Појадок и поаѓање кон "Зли дол"
9:00 "Зли дол" Качување на првенствени насоки, а за почетниците ќе се постават вежбалишта и ќе се работи на техники за техничко напредување на карпа.
15:30 Поаѓање кон "Заум", Ручек
17:30 Во зависност од Временските услови, посета на манастирот Св. Наум или качување на насоките крај брегот на езерото.
20:30 Вечера, предавања, проекции, дружење.
23:00 Легнување.

- Недела 10.06.2007
7:00-7:30 Будење
7:30-8:30 Појадок, поаѓање кон "Зли дол"
9:00 "Зли дол" истите содржини од претходниот ден.
15:00 Поаѓање кон "Заум", Ручек
16:30 Затворање на собирот, помош при растурање на логорот и средување на опрема.
17:30-18:00 Превоз до с. Трпејца и заминување од селото по сопствена желба

5. Опрема

- Сите поединци треба да си носат лична опрема за Качување на сува карпа.
- Ги молиме клубовите па и поединците кои имаат опрема за техничко качување (Скалички, френдови, чокови, замки, гуртни и сл.) да ги донесат за да бидеме по ефективни во реализација на активностите.

НАПОМЕНА!

Локалитетите "Зли дол" и "Заум" спаѓаат во строго заштитените зони на НП Галичица, а црквата "Св. Богородица Захумска" (средина на 14 век) е споменик од културата заштитен со закон. Во таа насока Ве молиме и очекуваме од Вас како многупати до сега да ја покажете вашата примерност и дисциплина во однесувањето кон природните и културните реткости на Република Македонија.

 

 

 

10 мај - Димитар Илиевски - Мурато

 



10 Мај еден од најголемите денови во историјата на македонскиот алпинизам.

На 10 Мај 1989 година македонскиот алпинист Димитар Илиевски - Мурато како член на Македонската Алпинистичка Хималајска Експедиција Еверест 89 се искачи на највисокиот врв на светот, за прв пат развиорувајки го македонското знаме.

Искачувањето е направено од непалската страна преку ледоломот Кумбу во стил кој стана класичен и прифатен од сите експедиции кои го качуваат врвот од оваа страна. Базниот логор се поставува на морените под ледоломот на височина од 5370 до 5500 метри. Патот кон врвот се протега низ ледоломот Кумбу, потоа долината на тишината, падината под врвот Лоце ( Lhotse face ) и јужното седло, а вдолж него се поставуваат четири висински логори. Првиот висински логор е на височина од околу 6100 м, вториот е под Lhotse face на височина од 6200 м, третиот на самата Lhotse face на 7300 м и последниот на Јужното седло на околу 8000 м.

Заедно со Диме на врвот во истиот ден се искачија и словенскиот алпинист Виктор Грошељ, хрватскиот алпинист Стипе Божиќ и шерпасите Сонам и Аџива. Во четвртиот висински логор се наоѓал македонскиот алпинист Борче Јовчевски кој имал задача да биде логистичка поткрепа за јуришната екипа. Искачувањето до врвот траело околу 15 часа во услови на длабок снег. На врвот Диме и Стипе се задржале околу еден час. На симнување од врвот Диме останал најверојатно на височина од 8200 метри. Причината за неговата смрт не е разјаснета до денес бидејки за целото време на искачувањето и симнувањето бил во одлична состојба често пати пртејки патека во снегот и пред шерпасите. Се претпоставува дека застанувајќи за кратко на 8200 метри за да го почека Стипе, кој бил зад него и имал проблеми со светилката, Диме заспал.

Димитар Илиевски е единствениот Македонец кој се има искачено на Монт Еверест и засега единствен Македонец кој се има искачено на врв повисок од 8000 метри. Есента 2005 година во организација на комитетот на експедицијата и Македонската алпинистичка асоцијација, под базниот камп на Еверест е изграден споменик во чест на Димитар Илиевски.

Водач на Македонската алпинистичка експедиција на Монт Еверест беше Јован Попоски.

Во 1998 година се организираше алпинистичка експедиција во организација на Македонската алпинистичка асоцијација и Македонскиот олимписки комитет со цел да се симне телото на Диме од планината и согласно со непалските закони телото со свечена церемонија да биде запалено под базниот логор, и урната со пепелта да се донесе во Македонија и да се постави во музеј соба направена за овој македонски великан. Македонската експедиција требаше да делува како составен дел од меѓународната International Mount Everest Cleaning Expedition која имаше за цел чистење на планината и симнување на телата на загинатите алпинисти. Експедицијата не се реализира заради настанати административни пречки со непалската влада пред самиот нејзин почеток. Но идејата за симнување на телото на Диме не е напуштена, иако во овие услови на економската реалност во нашата земја тоа е тешко остварливо.

Димитар Илиевски е еден од најголемите алпинисти во историјата на македонскиот алпинизам и спортот воопшто. Се одликувал со фрапантна љубов кон планините и непоколеблива амбиција за соочување со најтешките предизвици.

Покрај искачувањето на Монт Еверест во 1989 година, Диме се има искачено на голем број врвови во Македонија, на Балканот, во Алпите. Меѓу другото се има искачено на Mont Blanc и поголем број врвови со алпинистички приоди во масивот на Mont Blanc, потоа Matterhorn , Monte Rosa , Gros Glokner , Marmolada и значителен број врвови во Доломитите. Во 1982 година се искачи на Huascaran и тоа и на Северниот и на Јужниот врв, како и на Chopicalki . Во 1984 се искачил на Врвот на Комунизмот во Памир. Во 1986 година во состав на Македонската алпинистичка хималајска експедиција на Manaslu стигна до 7500 метри каде што остана неколку дена во очекување добро време за јуриш кон врвот.

Покрај големиот број тешки алпинистички искачувања во Алпите, тој е автор е на голем број првенствени насоки на Матка, Солунска Глава, Демир Капија, карпите околу Прилеп, на Пелистер, на Проклетије, на Вихрен и уште многу други планински масиви. За своите достигнувања одликуван е со голем број награди и признанија меѓу кои и наградата "11 Октомври" како и наградата спортист на годината за 1989 година. Од страна на Македонскиот олимписки комитет Диме е прогласен за "Великан на спортот".

Биографската книга за Диме од авторот Белџигеровски може да се набави кај семејството на Диме во Битола, и во неа се внесени голем број записи од дневниците што ги водел за време на експедициите и качувањата. Сметам дека тоа е задолжително четиво за секој македонски алпинист, од кое што може многу да се научи за ентузијазмот, човечката моќ, љубовта кон планината и бескрајното другарство.

 

 

Алпинистички собир на Матка.


Во деновите од наредниот викенд од 11 до 13 Мај на Матка Ќе се одржи традиционалниот алпинистички собир познат како меморијал Васил Франговски, посветен на истоимениот врвен македонски алпинист кој трагично го загуби животот во 1982 година при искачување на насоката "Борник" на Матка.
Сместувањето за време на таборот Ќе биде во планинарскиот дом Матка и во Шатори во дворот на Манастирот Св. Никола (Шишевски Манастир). Секој учесник треба да носи опрема за кампување како и комплетна опрема за качување во карпа.
Тематските содржини на собирот се следниве:
- Качување алпинистички насоки;
- Летен курс за почетници - семинар за кандидати за Инструктори со следниве работни содржини:
* основни техники за осигурување
* поставување средства за осигурување во карпа (клинови, чокови, френдови)
* сидришта
* систем за извлекување на паднат качувач - Св. Бернард
* техники за спуШтање по јаже (абзел)
* движење по фиксно јаже
* основни рељефни форми на карпа
* основни симболи за опис на алпинистичките насоки
- Филмски проекции и тематски дебати во вечерните часови;
- Испит за назив Помлад Алпинист.

Сите алпинисти кои се кандидати за називот Инструктор по алпинизам, а се заинтересирани да работат со почетници за време на собирот, се молат да се пријават во ЦСО - ФПСМ  најдоцна до Четврток 10 Мај 2007 година заради изработка на програма за работа. Работата со почетниците е семинарска работа во склоп на програмата за обука на алпинистичките инструктори.

 

 

Извештај за алпинистички собир

Почитувани,

Од 13 до 15 април 2007 година во локалитетот „Плоча” – Радовиш се
одржа алпинистички собир. Тематска содржина на собирот беше качување на насоки по сопствен избор. Беа присутни голем број на алпинисти и беа искачени многу насоки.

За време на собирот беше направена презентација на локалитетот после темелното уредување. Целосното уредување и опремување на локалитетот е финансирано од фондацијата ГТЗ, на кој сме им бескрајно благодарни. За реализација на сите активности заслужни се Зоран Мајсторски од Радовиш и Бобан Сатојанов од Штип. На презентацијата присуствуваа и градоначалникот на општина Радовиш и претставникот на ГТЗ за брегалничко-струмичкиот регион. На врвот од карпата беше организирано предавање за културното и историското значење на овој локалитет, насловено „Плоча низ вековите”.

Сега локалитетот „Плоча” располага со 38 алпинистички и спортско
качувачки насоки кои се целосно оклинчени со експанзиони клинови,
исчистени од ронливите делови и максимално безбедни. Патеките за приод се одлично уредени и означени со маркација и патокази. Поставени се клупи во подножјето на карпата. Уредена е и патека за планински велосипедизам. Сето ова нуди прекрасни услови за развој на алпинизмот како и обука на нови луѓе кои безбедно ќе може да започнат да се занимаваат со алпинизам, а исто така претставува атрактивно место за туристите и водачите на клиенти на карпа.

Воедно ова е покана до сите кои не го посетиле локалитетот „Плоча”, тоа да го направат што поскоро, оние што го посетиле сигурно ќе дојдат повторно.

На 14.04.2007 година Сабота со почеток во 20:30 беше одржан работен
состанок за утврдување на договорените работи од состанокот одржан на 17.03.2007 година. Утврден е составот на стручниот совет на МАА, и тоа:
1. Костантин Циривири;
2. Бобан Стојанов;
3. Зоран Мајсторски;
4. Александар Дончев;
5. Бојан Митковски.
Исто така Крунослав Аџиевски е назначен за администратор на МАА, и
ќе биде задолжен со водењето на администрацијата на МАА, уредување на њеб-страната, изработка на алпинистички легитимации и др. На состанокот е дефинирано и понатамошното уредување на локалитетите Матка, Демир Капија и Солунска Глава.

Исто така ве известуваме дека на 11-13.05.2007 година на Матка ќе се
одржи „Меморијален алпинистички собир Васил Франговски”, во организација на Алпинистичко Друштво Матка, Скопје.
Ве покануваме заедно да уживаме во качувањето!

Во продолжение е даден преглед на искачените насоки за време на
собирот на „Плоча”.

Поздрав!

Македонска Алпинистичка Асоцијација
претседател: Борче Манев



МАТКА - Поставени клинови за осигурување вдолж патеките кои водат од врвот на Отмарова карпа до манастирот Св. Никола.

Во деновите од 20 до 22 Април 2007 година беа поставени клинови за осигурување по двете патеки кои водат од врвот на Отмарова карпа до манастирот Св. Никола.

На патеката која што води од излезот на насоката "Борник" до манастирот поставени се 11 клинови, додека на патеката која што води од излезот на алпинистичките насоки и води под вторите половини на насоките "Нина", "Борник", "Циги" и под околните спортско качувачки насоки, поставени се 19 клинови од кои два на широката полица каде што се поставува последното сидриште при излез од алпинистичките насоки. Претходно на полицата имаше еден експанзионен клин кој не беше најсоодветно поставен бидејки предизвикуваше непотребно триење на јажето. Новите клинови на сидриштето, вкупно два, се поставени во директна линија со излезот од насоките.

Клиновите се од бугарскиот производител RIS со пречник од 12 мм, поставени во дупки од 14 мм и залепени со лепак од производителот HILTI. Наскоро, заради полесно забележување клиновите Ќе бидат маркирани со боја.

Со ова значително се зголемува безбедноста при излегувањето од алпинистичките насоки, како и приодот до спортско качувачките насоки во овој дел од карпата, особено при движење со почетници кое задолжително треба да биде во наврска.

Клиновите ги поставија Костантин Циривири и Бобан Стојанов со помош на инструктори и кандидати од проектот за обука на водачи во планина "Патеки на комуникацијата".

 

 

 

 

 


© 2007 infinite design Email: ivica.trajanov@gmail.com